Машината за миење садови станува есенцијален дел од секое модерно домаќинство. Поминаа деновите кога долго во текот на попладнето ги миевме и ги редевме чиниите по ручекот. Брзото темпо на животот нè поттикнува кон други должности и предизвици, така што сега можеме едноставно да си дозволиме нашата машина за миење садови да ја исполни оваа домашна обврска. Таа не само што ги мие и ги суши садовите туку ни заштедува напор, време и, последно, но не и неважно, пари. За да го исполниме сето претходнокажано, треба внимателно и правилно да ја избереме машината за миење садови.Подолу нудиме неколку совети за тоа како да ја изберете вистинската машина за миење садови.
Кога купувате машина за миење садови, дефинитивно треба да земете предвид неколку фактори кои влијаат на конечната одлука и придонесуваат да се направи најдобриот можен избор. Првата одлука е директно поврзана со намената на употребата, како и со локацијата и инсталацијата на апаратот. Колкаво количество садови обично миете и колку често ја користите машината за миење садови, дефинитивно зависи од големината на вашето семејство, индивидуалните навики и вашите потреби. Ако сакате вашата машина за миење садови да го надополни целокупниот изглед на вашата кујна, од суштинско значење е да имате предвид каде ќе ја поставите и да ги изберете вистинските димензии и вистинската големина. Ако сакате да ја интегрирате меѓу постојните кујнски елементи, ќе мора внимателно да ги измерите висината и ширината. Ако не сакате да ја вградите или ако немате ваква опција, може да изберете машина за миење садови што стои одделно и не е вградлива. Во овој случај, дизајнерскиот изглед на вашата избрана машина за миење садови е уште поважен.
Од гледна точка на корисникот, внатрешноста на машината за миење садови е исто така суштинска: флексибилниот распоред на корпите и полиците е неопходен за правилно организирање на садовите и може навистина да ја поедностави секојдневната употреба. Во последните години, развивме вистински богат асортиман на висококвалитетни машини за миење садови за пазарот. Тие се појавуваат во различни дизајни и со различни димензии, а нивниот опсег на цените варира во зависност од технолошката софистицираност, од перформансите и карактеристиките.
Вашата одлука треба да ги земе предвид сите аспекти: купување, инсталацијати употреба
Кога купувате машина за миење садови, пред да ја донесете конечната одлука треба да ги добиете сите достапни информации и да ги споредите машините за миење садови кои се достапни на пазарот. Ако навистина сакате да бидете задоволни со изборот и одбраната машина за миење садови да ги исполни сите ваши очекувања, треба да земете предвид што повеќе фактори при вашата конечна одлука: главната цел на вашата нарачка е клучна.
Ако ви треба машина за миење садови за секојдневна употреба, а вашето домаќинство има многу членови, има смисла ако ја изберете онаа што може да измие колку што е можно повеќе прибор, а да направи колку што е можно помал трошок.
Јасно е дека треба да го имате на ум вашиот буџет и да ја дефинирате највисоката цена која сте подготвени да ја платите при купувањето машина за миење садови.
Пред да донесете одлука, треба да се распрашате за потенцијалните трошоци при работењето на машината за миење садови, како и за нејзината потрошувачка на вода и енергија.
Следната важна информација е просторот со кој располагате бидејќи тоа ќе влијае на типот (вградлива, невградлива) и на посакуваната големина или на димензиите на избраната машина за миење садови.
Исто така, треба да обрнете внимание на квалитетот, периодот на гаранција и на опциите за сервисирање на избраниот модел.
За секого што ужива во мирот на својот дом и лесно се вознемирува од бучавата што ја создаваат различните апарати, важен фактор за одлуката која машина за миење садови да се купи, ќе бидат и нивоата на бучава. Ефикасниот мотор и специјалната звучна изолација ќе се грижат за нивото на бучавата. Повеќето современи машини за миење садови имаат ниво на бучава во опсег од 44 до 45 dB. Бесшумното работење на машината за миење садови е несомнено важен фактор во изборот на вистинскиот модел, особено во модерните домови со кујна што се отвора кон дневната соба или ги комбинира обете простории во еден заеднички простор.
Модерната машина за миење садови со мала потрошувачка рефлектира одговорно модерно општество
Користејќи машина за миење садови во современото домаќинство, со сигурност може да се добие драгоцено време. За поголемиот дел од луѓето, миењето садови е досадна, мачна работа. Иако не можеме целосно да го избегнеме миењето садови, може значително да ја поедноставиме оваа дневна задача со користење модерна машина за миење садови. Старата поговорка „Времето е пари“ дефинитивно не е далеку од вистината. Освен што ќе уживаме во удобноста што таа ја нуди, висококвалитетниот апаратот може да ни помогне да заштедиме пари додека ги миеме садовите.
ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ КОЛКАВО КОЛИЧЕСТВО ВОДА ИСТЕКУВА ПРИ МИЕЊЕТО ЧИНИИ НА РАКА?
И колку вода ќе потроши машината за садови за истиот број чинии? За чистење на еден сет од чинии, машината за садови просечно троши околу 10 литри вода, додека за миење на истиот број чинии на рака трошиме над 75 литри вода! Користењето на машината за садови дефинитивно е поекономично – и многу поеколошка опција. Најефикасните машини за миење садови може дури да користат помалку од 7 литри вода и околу 0,75 kWh електрична енергија за едно полнење.
Разликата е несомнено значителна, особено затоа што мора да земеме предвид дека обично миеме садови секој ден. Точно е дека миењето садови на рака не предизвикува трошок на електрична енергија, сепак греењето на водата значи и трошок на енергија. Машината за миење садови ги мие садовите на повисока температура (70 °C) отколку при миењето на рака, па миењето на садовите е похигиенски. Сите машини за миење садови имаат и функција за сушење што ја елиминира потребата од мачното и времето потребно за бришење на трагите од вода пред да ги ставите чиниите повторно во шкафовите.
Од што зависи висината цената на машината за миење садови?
Главно, цените на машините за миење садови зависат од квалитетот на апаратот, од методот на работа, типот на моторот и од многубројни други кориснички карактеристики.
Правило е дека машините за миење садови со ниска цена ќе обезбедат само основни кориснички карактеристики. Многу напредни кориснички карактеристики се однесуваат на функционалноста на апаратот, како и на неговото работење, па затоа вреди да се разгледа дали сте задоволни со основните функции или ако сакате да искористите одредени надградби на најосновните модели на машини за миење садови.
Обично, поскапите машини за миење садови се поефикасни затоа што користат помалку вода и енергија за време на работата, во споредба со моделите со пониска цена. Овие разлики се најочигледни кај домаќинствата кои користат машина за миење садови секојдневно и се наменети за поставување на поброен прибор за јадење. Наменети за помали количини садови и за поретка употреба, овие разлики не се толку забележливи, особено во однос на потрошувачката на вода. Денес, по правило, енергетската ефикасност е веќе основна карактеристика на повеќето современи машини за миење садови.